Линкови за пристапност

Вашингтон се надева дека затвoрањето на Гвантанамо ќе иницира поголема меѓународна соработка против тероризмот


По одлуката на претседателот Барак Обама да го затвори американскиот притворен центар Гвантанамо во рок од една година, посебна комисија треба да разгледа кои затвореници ќе бидат преместени во американски затвори и ќе чекаат на судска постапка, а кои ќе бидат ослободени и префрлени во други земји.На прес-конференција во Пентагон минатата недела, секретарот за одбрана Роберт Гејтс кажа дека предизвикот е како да се затвори Гвантанамо, а истовремено да се заштити американскиот народ.

Обама нареди затворање на притворниот центар во Заливот Гвантанамо на Куба во рок од една година.Групите за заштита на човекови права оценуваат дека ова е чекор во вистинската насока и бараат новата влада да продолжи во истата насока.И секретарот за одбрана Роберт Гејтс кажа дека се работи за позитивен потег:

-Затворањето на Гвантанамо ни отвара нови можности во однос на партнерство со други земји и подготвеноста на другите земји да соработуваат со САД против насилните екстремисти.

Во Европа, многу земји ги повикуваа САД да го затворат центарот.Гејтс кажа дека сега е можно некои од нив да примат дел од ослободените лица од Гвантанамо.

Секретарот за одбрана говореше и за Ирак, од каде претседателот Обама сака да ги повлече американските трупи во рок од 16 месеци.Гејтс подвлече дека неколкуте избори што годинава треба да се одржат во Ирак ќе помогнат да се утврди дали земјата е доволно стабилна за да започне процесот на повлекување.

Обама сака да распореди дополнителен број американски војници во Авганистан.Гејтс на прес конференцијата кажа трансферот на американските трупи од Ирак во Авганистан претставува приоритет број еден.Вашингтон се залага и за искоренување на трговијата со дрога во Авганистан, кој е најголемиот снабдувач на опиум во светот.Гејтс истакна дека доколку трговците со дрога му помогнат на Талебан, ќе станат цел на американските сили.

XS
SM
MD
LG