Линкови за пристапност

Со физички вежби против болеста на периферните артерии


Околу 25 до 30 милиони луѓе во светот имаат болест на периферните артерии, што се развива кога холестерол или ткиво се напластуваат и го ограничуваат проткот на крвта низ артериите. Болеста кај многу пациенти останува невоочена, иако доведува до болка или слабост во нозете и стапалата. Лекарите велат дека едноставни секојднвени вежби можат многу да помогнат против оваа болест.

Чарлс Медоус знаел дека нешто не е во ред кога почнал да има болни грчеви во нозете:

- По една мината улица морав да застанам и да се одморам. Знаев дека тоа не е нормално.

Медоус бил дијагностициран со болест на периферните артерии. Се пријавил во истражување за болеста на Универзитетот во Чикаго. Болеста најчесто напаѓа средовечни и постари, а со највисок ризик се пушачите и дијабетичарите. Лекарите често не ги воочуваат нејзините знаци се` додека не напредне.

На универзитетот во Чикаго биле тестирани три групи на пациенти. Две групи вежбале под надзор по шест минути дневно на машина за одење или на машина за зајакнување на мускулите на нозете.

Доктор Мери мек Дермот, која раководела со истражувањето, вели дека се изненадила колкав напредок покажале пациентите кои ги зајакнувале мускулите на нозете. Тие набрзо можеле подолго да пешачат и да се качуваат по скали и се подобрило нивното кардиоваскуларно здравје.

156 пациенти учествувале во студијата од кои повеќето немале класични симптоми на болеста.

По шест месеци редовно вежбање, Чарлс Медоус вели дека се чувствува многу подобро и дека болките значително се намалиле.

XS
SM
MD
LG