Линкови за пристапност

Белата куќа неделава ќе се фокусира на економијата, климатските промени, енергетската ситуација


Американскиот претседател Барак Обама вели дека приоритетите на неговата влада се да се справи со се` подлабоката економска криза во земјата и да преземе мерки за енергетска независност и против климатските промени.

Обама во денешното обраќање од Белата куќа соопшти дека и` наложил на владината Агенција за заштита на животната средина да ја преразгледа наредбата на претходната влада на претседателот Буш што спречува сојузните држави да воведат построги стандарди од федералните за испуштањето на штетни гасови од автомобилите.

Новиот претседател побара и подобри упатства за економичноста на употребата на гориво во американските автомобили.

Обама на почетокот на првата цела работна недела на функцијата повика и на создавање светска коалиција против глобалното затоплување. Тој рече дека треба да се заврши уште доста работа на овој план, но дека САД нема да бидат заложник на се` помалите ресурси, непријателските режими и се` поголемото затоплување на планетата.

На тема - економија, Обама порача дека САД не смеат да си дозволат одвараќање на вниманието или застој во новиот пакет за економско стимулирање во вредност од 825 милијарди долари, за кој тој деновиве лобира во Конгресот. Обама предвидува пакетот да резултира во отворање на 3 до 4 милиони милиони нови работни места, најповеќе преку проекти од јавен интерес, како подобрување на патната инфраструктура. Во него е вклучена и парична помош за владите на сојузните држави, даночни скратувања за поголемиот дел работници и поддршка на малите бизниси.

XS
SM
MD
LG