Линкови за пристапност

Можност за американско финансирање на  меѓународни групи  што изведуваат абортуси


Американскиот претседател Барак Обама се очекува да потпише наредба со која ќе биде ставен крај на забраната САД да даваат придонес во меѓународна помош за групи кои обезбедуваат абортуси.

Извори од Белата куќа велат дека претседателот ќе ја потпише извршната одлука денеска. Забраната не дозволува САД да финансираат или на каков било начин да се вклучени во помагање на услуги за абортус во странство. Забраната се днесуваше и на советодавни групи пред и по абортус.

Оваа забрана ја претстави претседателот Роналд Реган во 1984-та.

Администрации на Демократите секогаш ја укинуваат забраната, но веднаш беше враќана во сила од Републиканците кога доаѓаа на власт.

XS
SM
MD
LG