Американска биотехнолошка компанија соопшти дека добила дозвола од администрацијата за храна и лекови да изврши тестирање на ембрионски клетки што поттикнуваат развој.
Корпорацијата Герон со седиште во Калифорнија, планира да почне клиничко испитување со користење на таков вид клетки за обнова на нервно ткиво на десетина пациенти со акутни повреди на ‘рбетот.
Извршниот директор на компанијата изјави дека ова е почеток на ново поглавје во медицинска наука.
Ембрионските клетки може да се развијат во каква било клетка во организмот. Научниците се надеваа дека може да ги искористат за лекување на разни болести.
Сепак, нивното користење беше контроверзно затоа што ембрионите се уништуваат за да се искористат клетките кои потикнуваат рзвој.
Поранешниот претседател Џорџ Буш го ограничи федерално финансирање на истражувањата во кои се вклучени човечки клетки кои поттикнуваат развој.
Претседателот Барак Обама, кој ја презеде функцијата во вторникот, се очекува да ги олабави рестрикциите. Но, биотехнолошката компанија рече дека тајмингот на неговата одлука за одобрување на студијата е коинциденција.