Линкови за пристапност

Обама: стимулирачкиот пакет е на  добар пат 


Обама денес се сретна со врвни конгресни Демократи и Републиканци. Тој предупреди дека американската економија се соочува со „криза без преседан“ – но додаде дека очекува неговиот нов опоравувачки план да создаде три до четири милиони нови работни места. Тој рече дека Конгресот „е на пат“ да го одобри пакетот за стимулирање до средина на февруари.

Претседателот исто така ја нагласи потребата за зголемена одговорност и транспарентност за да се обезбеди дека владините пари за помош се употребени соодветно.

Лидерот на малцинството Џон Бенер, Републиканец, на новинарите пред Белата куќа им кажа дека имало едногласност на состанокот дека треба да се преземе акција. Но, тој изрази загриженост за величината на предлогот и кажа дека некои од ставките содржани во документот немаат ништо заедничко со стимулирање на економијата.

Републиканците го поставуваат прашањето дали предложениот план од 825-милијарди долари, изработен од Демократите, ќе ја оствари целта за создавање на работни места и помагање на економијата.

Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, вели дека законодавците се на добар пат да го имаат предлог-законот подготвен за потпис на претседателот до пред почетокот на февруарскиот распуст – или, кажа таа, нема да има одмор по повод Денот на претседателите.


XS
SM
MD
LG