Линкови за пристапност

Обама и покрај се` ќе може да си го задржи своето Блекбери


Американскиот претседател Барак Обама, кој изјави дека би било „проблем“ ако треба да се одвои од своето Блекбери кога ќе ја преземе функцијата, доби дозвола да го задржи своето средство за мобилна комуникација.

Портпаролот на Белата куќа кажа дека е направен компромис за да ги задржи контактите со високи соработници и мала група на лични пријатели.

Тајната служба и адвокатите на Белата куќа го советуваа претседателот да не ја користи направата од безбедносни причини. Обама извојува победа по ова прашање, но сепак ќе мора да ја ограничи употребата на своето Блекбери, иако е направен секој напор да се заштити безбедноста.

XS
SM
MD
LG