Линкови за пристапност

Фидел Кастро пишува за неговото здравје и го фали Обама


82-годишниот поранешен претседател на Куба, Фидел Кастро, кој не е виден во јавност уште од 2006, се јави со напис објавен на интернет во кој главно зборува за своето здравје.

Во написот насловен „Сеќавања“, Кастро вели дека подолго време активно ги следел светските збиднувања, но оти нема да може да ја ужива таа привилегија и по четири години, кога завршува првиот мандат на американскиот претседател Барак Обама.

Тој во статијата го фалеше Обама, велејќи дека не се сомнева во неговата искреност, но дека за новиот американски лидер остануваат многу прашања.

XS
SM
MD
LG