Линкови за пристапност

Обама организира двопартиска средба посветена на економијата


Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата куќа се среќава со влијателни демократи и републиканци од Конгресот, во обид да добие поддршка за стимулативниот економски пакет.

Републиканците изразија загриженост за тоа дали предложената економска помош од страна на демократите тешка 825 милијарди долари, ќе ја оствари целта за креирање на нови работни места и опоравување на економијата.

За време на првата недела на функцијата, Обама веднаш се зафати со решавање на клучните прашања. Вчера, тој потпиша извршна наредба за затворање на американскиот притворен центар на Заливот Гвантанамо во Куба во рок од една година.

Тој нареди и ревизија на судските постапки врз лица осомничени за тероризам, и ги забрани најстрогите мерки на испрашување.

XS
SM
MD
LG