Линкови за пристапност

Колку и чии пари трошат политичките партии во Македонија за предизборните кампањи?


Претседателските и локални избори во Република Македонија во март ја актуелизираат темата на финансирање на кампањите што ги водат политичките партии.

Транспарентноста на финансирањето на изборните кампањи во повеќе наврати беше потенцирана од страна на ЕУ како значаен предуслов за ефикасна борба против корупцијата.Во изминатите изборни периоди, ревизорските извештаи често укажуваа на недоречености во извештаите што ги поднесуваа политичките партии за начинот на кој ги финансирале нивните скапи изборни кампањи.Најскапите кампањи досега ги организираа двете најголеми политички партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.Ги прашавме – кои ќе им бидат изворите за финансирање на кампањите за претстојните претседателски и локални избори?

Се` уште сме во фаза на кандидатури.Ова е второстепениот дел од обврските на Централата, која ги планира во своите планови и допрва ќе бидат испланирани вкупните средства, вели в.д. претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Станува збор за финансирање од членарина, спонзорства, сопствено финансирање на дел од кандидатите, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Според законот, партиите имаат право да потрошат сума на пари што не треба да ја надмине бројката од едно евро по освоен глас.

Секој подносител на листа имаше право да потроши 60 денари по запишан избирач на ниво на изборна единица.Со измените и дополнувањата на Изборниот законик, секој подносител на листа има право да потроши 180 денари на ниво на изборна единица по запишан избирач, вели Зоран Таневски, портпарол на ДИК.

Со оглед на ваквата законска регулатива, пресметките на експертите се дека и онаа партија која би освоила најголем број на гласови, не би требала да го надмине лимитот од половина милион евра.Но, пресметките во однос на реалната ситуација на теренот покажуваат дека политичките партии често трошат и по два и три милиони евра за една изборна кампања.Со оглед на заложбите за интегрирање во ЕУ, овојпат од политичките партии се очекува поголема транспарентност што ќе ги реши дилемите во јавноста за тоа колку и чии пари трошат политичарите за нивните промоции.

XS
SM
MD
LG