Линкови за пристапност

Кои се најсериозни кандидати за освојување на Оскарите?


Американскиот филм „The Curious Case of Benjamin Button“ се наоѓа на врвот на листата за најсериозен победник на престижните холивудски награди со 13 номинации.

Филмот е номиниран во категориите за најдобро остварување, најдобар актер и режисер. Тоа е невообичаена приказна за човек кој обратно старее.

Остварувањата „Frost/Nixon“, „Milk“, „The Reader“и „Slumdog Millionaire“ се исто така сериозни конкуренти за престижниот Оскар за најдобро филмско остварање.

„Slumdog Millionaire“ со 10 номинации е филм за тинејџер од гето во Мумбаи во Индија кој станува славен во телевизиско наградно шоу.

Бред Пит од „The Curious Case of Benjamin Button“, е номиниран за Оскар за најдобар актер. За престижната статуетка тој ќе се натпреварува со Ричард Џенкинс од „The Visitor“, Франк Лангела од „Frost/Nixon“, Шон Пен од „Milk“ и Мики Рурк од „The Wrestler“.

За оскарот за најдобра женска улога се номинирани Ен Хатавеј за улогата во „Rachel Getting Married“, Анџелина Џоли за „Changeling“, Мелиса Лио за „Frozen River“, Мерил Стрип за „Doubt“ и Кејт Винслет за „The Reader“.

Хит Лиџер постхумно е номиниран за најдобра споредна улога за неговата ролја како Џокер во последното продолжение на Бетмен „The Dark Knight“. Претходно, Лиџер ја освои и наградата Златен глобус за улогата во истиот филм.

Меѓу номинациите за најдобар филм од странско говорно подрачје се израелскиот „Waltz with Bashir“, германскиот „The Baader Meinhof Complex“, францускиот „The Class“, „Departures“ од Јапонија и „Revanche“ од Австрија.

Победниците на Оскарите ќе бидат објавени на 22-ри

февруари за време на свечената церемонија во Холивуд.

XS
SM
MD
LG