Линкови за пристапност

Потврдувањето на Холдер за јавен обвинител одложено за една недела


Републиканските сенатори издејствуваа еднонеделно одложување пред Комисијата за правосудство да гласа за изборот на Ерик Холдер за нов главен правобранител.

Комисијата требаше да гласа за номинацијата на Холдер во средата, но група републиканци рекоа дека тој се` уште не одговорил на сите прашања.

Републиканскиот сенатор Џон Кордин изјави дека е загрижен поради ставот на Холдер околу тортурата и ефектот што неговиот став може да го има врз лица од разузнавањето. Холдер најави дека ќе ги укине антитерористичките политики на администрацијата на Буш како и дека верува дека техниката на испрашување што симулира давење е рамна на тортура.

Се очекува Холдер да добие доволно поддршка за да биде конелно потврден на функцијата при конечното гласање на целиот состав на Сенатот, но републиканците може да се обидат да изнудат тој да вети дека нема да гони разузнавачки лица кои биле вклучени во сурови техники на испрашување.

XS
SM
MD
LG