Линкови за пристапност

Керолин Кенеди се откажа од сенатското место


Керолин Кенеди, ќерката на убиениот американски претседател Џон Кенеди се повлече од трката за пополнување на испразнетото сенатско место од сојузната држава Њујорк по изборот на Хилари Клинтон за нова државна секретарка.

Кенеди во кусото соопштение го известила гувернерот на сојузната држава Њујорк Дејвид Патерсон дека се повлекува од “лични причини“. Гувернерот Патерсон, согласно законите на сојузната држава, ќе го назначи наследникот на Клинтон. Се очекува тој да ја објави одлуката в сабота.

Се` уште не се знае која е причината за повлекувањето на Кенеди, која пројави интерес за сенатското место кон крајот на минатата година.

Како дете, Каролин Кенеди живееше во Белата куќа од 1961-ва па се` до атентатот врз нејзиниот татко во 1963-та. Нејзиниот чичко, Роберт Кенеди, го држеше сенатското место од Њујорк од 1965-та до атентатот врз него во 1968-ма.

Истражување на јавното мислење спроведено од Универзитетот Квинпик покажа дека само 24 проценти од испитаните гласачи се за тоа Керолин Кенеди да го пополни испразнетото сенатско место. Нејзината кандидатура беше мета на критики дека никогаш досега не вршела јавна служба.

XS
SM
MD
LG