Американскиот претседател Барак Обама им наложил на армиските водачи да ги подготват сите дополнителни планови што се неопходни за одговорно повлекување на американските војници од Ирак. Обама ова го побарал за време на средбата со советниците за национална безбедност.
Новиот претседател се заложи за повлекување на силите од Ирак во рок од 16 месеци. Тој исто така го поддржува план за речиси двојно зголемување на бројот на војници во Авганистан, каде изминативе месеци нарасна насилството.
Во соопштение, Обама ја оцени средбата како продуктивна. Тој планира да се консултира со армиските водачи во наредните неколку и да изврши преглед на ситуацијата во Авганситан, со цел да може да развие сеопфатна стратегија за целиот регион.