Линкови за пристапност

Кандидатот за нов секретар за финансии чекор поблиску до потврдување


Тимоти Гајтнер е чекор поблиску да биде потврден на местото нов секретар за финансии, откако Сенатската комисија за финансии гласаше во негова полза.

Членовите на комисијата најпрвин исцрпно го испрашаа Гајтнер откако беше објавено дека тој не платил илјадници долари данок пред неколку години. Тој во меѓувреме го подмирил долгот кон државата и се извини за, како што ја нарече, невнимателната и ненамерна грешка. За конечно потврдување на Гајтнер на функцијата сега треба да се изјасни целосниот состав на Сенатот.

Како претседател на Банката на федерални резерви на Њујорк, Гајтнер беше активно вклучен во напорите да се надмине кризата во американскиот финансиски сектор.

Неколку владини извештаи за ситуацијата на пазарите на домување и трудот денес ги илустрираа американските економски проблеми. Во декември, бројот на новоизградени домови паднал на рекордно ниско ниво од 1959 - наваму. Бројот на Американци, пак, кои се пријавиле за социјална помош поради невработеност минатата недела достигнал рекорден број во последните 26 години.

XS
SM
MD
LG