Линкови за пристапност

 
Хилари Клинтон потврдена на функцијата,вети „робусна демократија“ како државна секретарка

Хилари Клинтон потврдена на функцијата,вети „робусна демократија“ како државна секретарка


Новата американска државна секретарка Хилари Клинтон на првиот ден на функцијата вети дека ќе спроведува робусна демократија и ефикасни развојни програми. Стотици вработени во Стејт департментот со извици на воодушевување и` посакаа добредојде. Сенатот вчера со 94 гласа „за“ и 2 „против“ ја потврди на функцијата.

Клинтон порача дека сака владиниот оддел со кој ќе раководи да работи со „отвореност и искреност“ и кажа дека владата на Обама одбележува „ново доба“ за земјата.

Поранешната прва дама предочи дека во работата ќе има предизвици, како и дека ќе бидат потребни средства и решенија од 21-от век за да се одговори на проблемите и да се искористат можностите.

XS
SM
MD
LG