Џорџ
Мичел е пратеник кој ќе се обиде да ги оживее израелско-арапските мировни разговори. Мичел е поранешен сенатор кој исто
така помогна и во постигнување на
мировниот договор за Северна
Ирска.
Обама го
именува поранешниот амбасадор во
Обединетите Нации Ричард Холбрук за специјален
пратеник за Авганистан и Пакистан. Холбрук исто така помогна да се
постигне мировниот договор за Босна и Херцеговина.
Зборувајќи во Стејт Департмент Мичел кажа дека ситуацијата на Блискиот исток
е нестабилна, сложена и опасна, но дека опасноста и тешкотиите не може да бидат
причина САД да го свртат погледот.
Холбрук рече дека е подготвен за задачата на советување на Обама за Авганистан и Пакистан, додавајќи дека тоа ќе биде тешка работа. Тој забележа дека двете држави
имаат исклучително различни истории.