Линкови за пристапност

Зголемен број смртни случаи во лоша економија


Нов извештај покажа дека бројот на смртни случаи се зголемил во 2008ма - годината на големи економски загуби, споредено со периодот меѓу 2000 и 2007-ма на годишно ниво. Извештајот на Центарот за истражување на епидемиологија на несреќи покажа дека 2008-ма е една од најсмртоносните години, со две природни катастрофи – Циклонот Наргис во Бурма и земјотресот во провинцијата Сечуан во Кина, при што загинаа повеќето од вкупно 235.816 лица.

Експерти на ОН велат дека бројката на загинати можеби немаше да биде толку висока ако зградите во Кина беа поотпорни на земјотресните шокови, како и ако беше поефикасен раниот предупредувачки систем во Бурма.

Извештајот покажува дека од природни катастрофи минатата година беа погодени 211 милиони лица, а економската штета се проценува на 186 милијарди долари.

Азија останува најпогоден континент, со 9 од 10 земји со најголем број загинати во природни катастрофи.

Директорот од Центарот за истражување на епидемиологијата на несреќите Дибарати Гиџа – Сапир вели дека на листата на држави со најмногу природни катастрофи се вклучени, како што се вели, оние кои вообичано се на врвот од листата: „Тука е Кина, Филипините, Индија, САД. Индонезија е речиси секоја година на листата. Нови две држави се Кенија и Коломбија. Држави кои не се на листата повеќе од пет години се европските“.

Извештајот покажа дека поплавите и другите катастрофи врзани со временски услови остануваат меѓу најчестите природни непогоди. Сапир вели дека сушата е една од најважните консеквенци на климатскте промени. Таа вели дека се очекува да расте проблемот со сушата: „Ако ги погледнете местата каде има суша, жртвите и извештаите за причинета штета, ќе си речете, нема за што да се грижите. Нема штета од сушата. Јавувањата за загуби се нула. Тоа, пак е одраз на невнимание од глобалната заедница во однос на суштата, особено во Африка, каде близу 80 проценти од оваа непогода се случува на овој континент, каде нема никакви трошоци врзани со оваа непогода“

Таа предупреди дека меѓународната заедница ќе плати висока цена за ваквото игнорирање во следните години. Во време кога има пораст на суштата и недостаток на вода во Африка, ќе расте бројката на конфликти на овој континент.

Таа рече дека се поголем број Африканци ќе заминат од своите во богатите држави во потрага по подобар живот. Тоа, пак, според неа, ќе предизвика државите да ги затворат вратите за бегалци и други очајни луѓе.

XS
SM
MD
LG