Линкови за пристапност

Обама за надворешната политика:  САД подготвени да предводат


Во првиот говор на функцијата претседател, Обама се обрати на Американците, но и на луѓето ширум светот. Рече дека промените доаѓаат и за нив:

-До сите народи и влади кои гледаат денеска од најголемите градови па се до малото село каде е роден мојот татко – знајте дека Америка е пријател на секоја нација, секој маж, жена и дете кои бараат иднина на мир и достоинство и оти сме подготвени повторно да бидеме предводник.

Пред досегашниот претседател Буш во публиката, Обама рече дека САД ќе предводат со тоа што ќе даваат пример и дека нема да ги жртвуваат идеалите за безбедноста. Му се обрати и на муслиманскиот свет и побара взаемно разбирање.

Обама најави дека САД ќе почнат да заминуваат од Ирак и да работа на мирот во Авганистан.

На дикаторите кои го угнетуваат сопствениот народ им порача:

До оние кои ја стасале до власта преку корупција, измама и замолчување на дисидентите - знајте дека сте на погрешната страна од историјата, нод ека ќе ви подадеме рака ако сте подготвени да ја отворите тупаницата.

Обама беше жесток кон оние кои се обидуваат да шират тероризам:

Ви порачуваме дека нашиот дух е посилен и не може да го скршите. Нема да не` надживеете и ќе ве поразиме.

За земјите во развој, се заложи за американска поддршка:

На луѓето од сиромашните нации, им порачуваме дека ќе работиме заедно во подобрување на фармите, обезбедување чиста вода и хранење на изгладнетите тела и умови.

Претседателот Обама на првиот ден на функцијата закажа средба со советниците за национална безбедност за да разговара за фазното повлекување на борбените сили од Ирак, како и планот за удвојување на американските војници во Авганистан.

XS
SM
MD
LG