Претседателот
Барак Обама и првата дама Мишел беа мошне зафатени првата вечер по
инаугурацијата – се појавија на вкупно 10 балови во Вашингтон. На „Балот на
соседството", замислен како собир на Американци од најразлични потекла,
танцуваа на музика на Стиви Вондер.
Обама беше маѓепсан од Мишел кусо коментирајќи: „Колку убаво изгледа
мојата сопруга"!
Баловите се во
организација на Комитетот за претседателски инаугурации. Секој има своја тема – два, на пример, беа
посветени на државите каде Обама живеел - Илиноис и Хаваи.
„Балот на соседството", вели Обама,
особено го доловил духот на неговата кампања:
- Се сеќавате што велевме - да, можеме, да, ќе сториме! - се` додека
работиме заедно.
На Балот „Врховен командант", Обама
им се обрати на војниците од Илиноис кои служат во Авганистан:
- Не` правите горди и ќе сториме се` работата да ви тече без проблеми. Знајте дека ве поддржуваат и секогаш ќе ве
поддржуваат сите Американци - без оглед на партиската или политичка припадност.
Покрај баловите, се славеше и во
рестораните и кафулињата. Кети Кафајла
дошла на инаугурацијата од Калифорнија:
- Тој е интелигентен човек, кој се обраќа до луѓето од сите раси и
економски слоеви, кој личи како што личам јас.
Кендис Елиот е учителка од
Вашингтон:
- Неговиот слоган – да, можеме – повикува на акција, дека можеме да
донесеме неопходни промени.