Церемонијата беше во стриктна режија на традицијата, но владееше невообичаено големо расположение и чувство – за промена.Стоејќи на скалите на Капитол хил, конгресната зграда што ја изградиле робови – црнци, Барак Обама стана првиот афро-Американец - претседател на САД.
Церемонијата на мирна транзиција на власта траеше околу една минута, по што започна ново поглавје во историјата. Обама се обрати пред нацијата и огромниот број насобрани - овојпат како претседател:
- Стојам тука денес, скромно
пред задачата што е пред нас, благодарен за довербата што ми ја дадовте, со пожртвуваноста
на нашите претци на ум.
Пред публиката - разнолика како и
САД - претседателот повика на национално единство:
- Денес се собравме бидејќи
избравме надеж а не страв, заедништво во намерата, а не судир и раздор.
Обама на функцијата наследува земја
во војна и економија во криза.Кажа дека
предизвиците се реални и сериозни, дека нема да биде лесно земјата да се справи
со нив, но дека ќе се справи:
- Од секој Американец – од нас
во една ново доба на одговорност се бара да воочиме дека имаме обврски пред
нас, пред земјата и пред светот – обврски што не ги прифаќаме со негодување,
туку со добра волја, убедени дека нема ништо толку задоволувачко за духот и
дефинирачко за карактерот од тоа да дадеме се` од себе во една тешка задача.
На крајот на церемонијата,
досегашниот претседател Џорџ Буш се ракуваше со Обама и кажа збогум на
Вашингтон, заминувајќи за Тексас.