Американски воен судија го прекина судењето на Канаѓанецот и осомничен за тероризам Омар Кадр кој се наоѓа во притвор во американската база Гвантанамо на Куба.
Ова се случи откако за само неколку часа по стапувањето на функцијата, новиот претседател Барак Обама, заедно со секретарот за одбрана Роберт Гејтс побара судењата во Гвантанамо да прекинат во рок од 120 дена, со цел новата влада да ги разгледа поединечните случаи.
Кадр е обвинет убиство на американски војник со граната во Авганистан во 2002-ра.
Во текот на денот се очекуваат нови наредби од Белата куќа што најверојатно се врзани за 21 случај во тек, меѓу кои и оние на петмината обвинети за заговор во терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва.
ЕУ го поздрави потегот за суспендирање на воените судења. Европската комисија за правда во писмено соопштение подвлече дека „многу задоволна“ што една од првите одлуки на Обама како претседател е да „сврти нова страница на оваа жална епизода“.