Линкови за пристапност

Обама на првиот ден на функцијата се зафати со најтешките прашања


Американскиот претседател Барак Обама го минува првиот ден на функцијата бавејќи се со некои од најтешките прашања со кои се соочува земјата – финансиската криза и војните во Ирак и во Авганистан.

Обама најпрвин присуствуваше на миса во Националната катедрала во Вашингтон. Во текот на денот ќе има средба со советници за начините да се подобри економската ситуација. Обама поддржува план за стимулирање на економијата во висина од 800 милијарди долари, насочен кон отварање нови работни места.

Новиот претседател ќе се сретне и со првите армиски лица на тема - војните во Ирак и во Авганистан. Обама за време на претседателската кампања вети дека ќе ги повлече војниците од Ирак за 16 месеци.

Тој планира и да го реализира планот на досегашниот претседател Џорџ Буш за речиси двојно зголемување на военото присуство во Авганистан.

Во инаугуративното обраќање, Обама призна дека ја презема канцеларијата во време на кризи, но побара од Американците да му помогнат во справување со предизвиците.

XS
SM
MD
LG