Линкови за пристапност

Поранешниот американски претседател Буш си замина од Вашингтон


Џорџ Буш и неговата сопруга Лора заминаа од главниот град на САД веднаш откако американскиот претседател Барак Обама положи заклетва на функцијата.

Поранешниот претседател во наследство остави серија проблеми, вклучувајќи две војни и тешка економска криза.

Џорџ Буш има рекордно најнизок рејтинг во јавноста од кој било друг претседател на заминување.

По церемонијата на положување на заклетва, претседателот Обама и првата дама Мишел ги испратија г-дин и г-ѓа Буш до хелихоптерот со кој заминаа до Воздухопловната база Ендрјус во околината на Вашингтон.

Буш и сопругата Лора присуствуваа на кусата церемонија на испраќање на воената база, пред да заминат за Тексас. Поранешниот американски претседател ќе живее на семејниот ранч во Крафорд се до завршувањето на куќата во Далас.

XS
SM
MD
LG