Линкови за пристапност

Улогата на првата дама на САД – обликувана спорет традицијата и карактерот


Мишел Обама станa Прва дама. Ова не е функција за која се потребни избори, но Првата дама може да има мошне важна улога во еден претседателски мандат.

Мишел Обама по професија е адвокат, со диплома од Харвард. Таа сепак изјави дека нејзините две ќерки, Саша и Малиа, ќе бидат нејзин приоритет. Г-ѓа Обама пројави интерес и да им помогне на семејствата кои имаат свои блиски во воените зони:

„Војниците се враќаат дома, можеби моментално работите стојат добро, но може да има важен период на преадаптација и само што ќе се нормализираат работите, тие се прераспоредени на други локации“.

Првата дама инатаму е домаќинка на Белата куќа, но денес, нејзината улога е повеќе обликувана од нејзиниот карактер.

Жаклин Кенеди на пример во раните 60-ти години, го врати историскиот ентериер во Белата куќа.

Би рекла дека беше срамно кога дојдовме и видовме дека во куќата немаше речиси ништо од минатото, изјави таа во една пригода.

Првата дама Леди Брд Џонсон беше мошне активна во програмата за ран развој на децата. Бети Форд го поддржуваше амандманот за еднакви права и како победник во борбата со рак, беше поборник за подигање на свеста за ракот на дојка.

Ненси Реган водеше кампања против злоупотребата на дрога, Барбара Буш беше поборник за литература, исто како и Лора Буш, која воедно беше мошне активна и на полето на правата на жените во другите земји.

Првите дами долго време се и неофицијални амбасадори на САД. Еленор Рузвелт е првата и е позната по тоа што патувала ширум САД и ги истакнувала состојбите на американскито народ.

И Хилари Клинтон, како прва дама беше инволвирана во политиката. Бил Клинтон ја именуваше за раководител на Комисија за реформи во здравството, проект што предизвика одгромно негодување од здравствените осигурителни компании.

Хилари Клинтон беше и кандидат за претседател на неодамнешните избори.

Без оглед на полот, првата дама или господин се очекува да биде многу повеќе од само сопруга и сопруг.

Според експертите, тоа лице мора да може да обезбеди морална поддршка за партнерот, но истовремено од нив се очекува да бидат умни, со силен карактер, ставајќи ја земјата на прво место, а нивното его не смее да им пречи во извршувањето на обврските.

На Мишел Обама во неделите и месеците што следат ќе има можност да открие како би ги исполнувала своите обврски и спрема претседателот и како Прва дама на САД.

XS
SM
MD
LG