Линкови за пристапност

Парада во Вашингтон во чест на новиот американски претседател


Стотици илјади луѓе се собраа во центарот на Вашингтон за да ја проследат инаугуративната парада во чест на новиот американски претседател Барак Обама.

Претседателскиот инаугуративен комитет соопшти дека во денешната парада учествуваат преку 13.000 учесници, од маршеви на музички групи, до танчери и воени кадети.

Учесниците во настанот ќе поминат маршрута долга 2,5 километри, почнувајќи од зградата на Конгресот, па се до Белата куќа.

XS
SM
MD
LG