Линкови за пристапност

Обама стана 44-от претседател на САД


Обама се обрати пред повеќе од еден милион лица насобрани на Националното шеталиште во Вашингтон откако положи заклетва на претседателската функција.

Барак Обама е првиот Афро-Американец на оваа највисока функција во САД.

Во инагуративниот говор Обама истакна дека американската економија е ослабена од алчноста и колективниот неуспех во клучни одлуки. Тој ги повика Американците да ги остават настрана политичките препукувања и да преземат брзи и промислени акции за креирање нови работни места и за економски развој.

Во однос на надворешната политика, Обама вети одговорност во препуштање на Ирак на ирачкиот народ и постигнување мир во Авганистан. Тој истакна дека САД се залагаат за нов пристап во муслиманскиот свет базиран на заеднички интерес и почит.

Обама вети дека ќе вложи напори и да се поразат терористите, велејќи дека американскиот дух е силен и не може да биде скршен.

XS
SM
MD
LG