Двајца, од петте лица осомничени за осмислување на терористичките напади врз САД од 2001-та, за време на сослушувањето во Американската морнарична база на Гвантанамо во Куба, формално признаа дека се виновни за организирање на нападите.
Наводниот осмислувач на нападите, Калид Шеик Мухамед и еден од неговите наводни соработници, Рамзи Бин Ал-Шиб, изразија гордост за нивните улоги во акцијата. Мухамед и претходно кажа дека бил одговорен за нападите врз Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември 2001 во кои загинаа околу 3.000 луѓе, како и за други терористички активности.
На денешното рочиште се појавија и други осомничени терористи: Али Абдул Азиз Али, Мустафа ал Хавсави и Валид Мухамед Аташ.
Постапката ја води воена комисија, специјално формирана за гонење на лица осомничени за тероризам.
Овие рочишта се случуват во време на неизвесност за иднината на Притворниот центар на Гвантанамо. Соработници на новоизбраниот американски претседател, Барак Обама, изјавија дека неколку дена по инаугурацијата, тој планира да издаде наредба за затворање на објектот во кој моментално се наоѓаат околу 245 лица.