Линкови за пристапност

Од ропство, преку сегрегација, до претседателска функција 


За многу постари Афро-американци кои живееле во мрачните времиња на расна сегрегација во Америка изборот на Барак Обама претставува достигнување за кое не ни сонувале.

Во една црква во Вашингтон, основана од слободни Афро-Американци пред 160 години, кога ропството се уште било легално во САД, верниците се особено радосни. Тука дури имало и пазар каде црнците се продавале како робови.

Се верува дека црквата била една од станиците на тајната рута за шверцување луѓе позната како „Подземна железница“, што им помогна на многу робови да избегаат на слобода во американскиот север.

Сто години откако е укинатото ропството, Афро-Американците се уште се борат за еднаквост. Отпорот на белците за интеграција понекогаш бил брутален. Црнците биле одвојувани од белците во сите области на животот.

Некои се сеќаваат на такви искуства дури и во главниот град. Еден од нив, Седи Диксон, вели дека не можевле да јадат во ресторани. Тој бил меѓу група демонстранти кои барале тоа да се промени. Имало и одделни кино сали, за белци и за црнци.

Имам сон, рече доктор Мартин Лутер Кинг во 1963-та во говор пред околу половна милион луѓе, меѓу кои и белци, кои дојдоа во Вашингтон да бараат расна еднаквост.

Но, дури и за оние кои го проследиле говорот, тој сон се чинел невозможен.

Изборот на првиот Афро-американец за претседател на САД донесе многу радост и гордост. Меѓу членовите на оваа група има чувство дека живеат историски момент на вистински промени во земјата:

Џејмс Терел, пастор во црквата, вели дека ништо веќе нема да биде исто. Времето, вели, ќе се дели на „пред Обама“ и „после Обама“.

За Елејн Нортон, Обама претставува нова порака од Америка до светот:

„Тие гледаат да видат дали го правиме тоа што го велиме. За прв пат има вистинско значење реченицата „Ова е Америка, земја на слободата, можеш да постигнеш се што сакаш“.

Пасторот Терел вели дека сега вратата е отворена за црнците, и оттука натаму – небото е граница.

XS
SM
MD
LG