Линкови за пристапност

Во Газа мирно, израелските сили продолжуваат со повлекувањето


Продолжува примирјето во Појасот Газа, откако Израел и и милитантите на Хамас одвоено објавија прекин на огнот по тринеделната масовна израелска офанзива.

Израел постепено се повлекува од палестинската територија. Премиерот Ехуд Олмерт изјави дека израелската кампања ги постигнала сите цели и сега би сакал силите да ја напуштат Газа што е можно побргу. Хамас соопшти дека има дал на израелските сили рок од една недела да си заминат.

На Арапскиот економски самит што се одржува во Кувајт, кралот на Саудиска Арабија најави дека неговата земја ќе додели една милијарда долари за обнова на Газа. На самитот се обрати и Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, кој рече дека неделава во Појасот Газа ќе испрати хуманитарен тим на високо ниво кој ќе изврши проценка на ситуацијата.

XS
SM
MD
LG