Линкови за пристапност

НАСА открила метан на Марс, дали е можно да постои живот?


Американската вселенска агенција НАСА вели дека големите количини на гасот метан откриени на Марс би можеле да укажат на постоење на некаков вид на живот на планетата. Ново истражување со помош на три копнени телескопи покажува дека речиси 21 илјада тони метан биле испуштени на Марс во текот на 2003-та.

Поголемиот дел на метанот на Земјата доаѓа од животинското варење на храната и органското распаѓање. Но, научниците додаваат дека големите количини на метан испуштени на Марс би можеле да бидат резултат на хемиска реакција под површината на Црвената планета. Научниците велат и дека новото истражување би можело да го промени начинот на кој НАСА испитува дали има траги на живот на Марс, како и дека НАСА би можела да го промени местото на приземјување на мисијата на Марс во 2011-та, за да биде во близина на едно од местата каде е забележано испуштање на метан.

XS
SM
MD
LG