Линкови за пристапност

Авион принудно слета во реката Хадсон во Њујорк, патниците и персоналот преживеаа   


Сите 155 патници и членови на екипажот на домашен лет на американската компанија Ју-Ес-Еарвејс го преживеаја синоќешното принудно слетување во студените води на реката Хадсон во Њујорк. Пилотот беше принуден на таков чекор на само неколку минути по полетувањето од аеродромот Ла Гвардија во Њујорк. Властите претпоставуваат дека еден или обата мотора на авионот биле оштетени откако налетале на јато птици.

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг му оддаде признание на пилотот за смиреноста и стручноста со која успеал да го приземји авионот во водите во близина на Менхетн и најавид ека федералните власти ќе отворат истрага за причините за несреќата. Авионот беше на пат за Шарлот, сојузната држава Северна Каролина.

XS
SM
MD
LG