Линкови за пристапност

Продолжува сенатскиот распит за членови на кабинетот на Обама


Сенатската комисија за правосудство денес продолжува со распитот на Ерик Холдер, кого новоизбраниот претседател Барак Обама го кандидираше за главен правобранител.

На вчерашниот дел од распитот Холдер изрази став дека контроверзната техник на испрашување што симулира давење претставуваат мачење и не треба да бидае дозволена. Тој воедно ја повтори определбата на Обама дека американскиот воен притвор во Заливот Гвантанамо на Куба, ќе биде затворен. Холдер се соочи и со мошне тешки прашања за периодот кога беше на функцијата заменик главен правобранител за време на мандатот на претседателот Бил Клинтон, особено за поддршката на бројни контроверзни претседателски помилувања.

Сенатската комисија за надворешни односи ја одобри номинацијата на Хилари Клинтон на функцијата државен секретар. Се очекува дека Сенатот во полн состав ќе даде конечна потврда наредниот вторник, кусо време по инаугурацијата на Обама.

XS
SM
MD
LG