На самитот за ситуацијата во Газа што денеска се одржува во Катар, лидерот на Хамас во егзил Калед Мешал пред арапските лидери истакна дека Израел е причината за конфликтот, а не Хамас. Тој го обвини Израел дека води војна против сите Палестинци, меѓу нив и недолжните жени и деца.
Сирискиот претедател Башар ал-Асад ги повика арапските земји да ги прекинат сите односи со Израел. На самитот присуствуваше и иранскиот лидер Махмуд Ахмадинеџад. Средбата се одржа и покрај приговорите од Палестинската управа, Египет и Саудиска Арабија.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун изјави дека на повидок е постигнување на договор за прекин на огнот во Појасот Газа. По средбата со водачите на Палестинската управа на Западниот Брег, Бан Ки-Мун додаде дека време е Израел да ја разгледа опцијата за едностран прекин на огнот.
Денес продолжија израелските воздушни напади врз цели во Газа. Хамас продолжисо ракетните напади израелска територија и покрај операцијата на израелските сили.