Линкови за пристапност

Американскиот претседател  се збогува со дипломатскиот кор  


Американскиот претседател Џорџ Буш се прости со националната дипломатска агенција, додека се подготвува да ја напушти канцеларијата следната недела.

Претседателот на заминување беше поздравен со патриотска музика и голем аплауз во Стејт Департмент. Државниот секретар Кондолиза Рајс му додели неколку награди за неговата улога во проширувањето на НАТО и, како што кажа, „се поголемата слобода во светот“.

И Рајс и претседателот Буш ги истакнаа постигнувањата на администрацијата на администрацијата во глобалните прашања и ја поттикнаа администрацијата на Барак Обама да продолжи со напорите за постигнување слобода низ светот.

Рајс кажа дека државната мисија за ширење на слободата треба да „издржи“ и во следната администрација. Претседателот Буш ја поттикна државата, со негови збориви, „да остане уверена во трансформативната моќ на слободата“.

XS
SM
MD
LG