Демократските лидери во американскиот
Претставнички дом претставија обемен план за стимулирање на економијата, тежок
825 милијарди долари.
Демократите од Домот тесно соработувале со советниците на новоизбраниот претседател Барак Обама на планот, што вклучува федерални издатоци и
намалување на даноците.
Легислативата бара да се потрошат околу 550 милијарди долари на иницијативи чија цел е создавање
работни места. Таа исто така вклучува 275 милијарди долари во даночни подобности за работниците и
бизнисите.
Демократските лидери ветија дека ќе го имаат
стимулирачкиот план подготвен за
потписот на Обама кусо време по преземањето на функцијата на 20 јануари.
Одвоено од ова, американскиот Сенат подоцна денес ќе гласа за тоа да го блокира
пуштањето на втората половина од седумстотините милијарди долари на
финансискиот спасувачки пакет
усвоен минатата година за помош на финансискиот сектор.