Линкови за пристапност

Џејмс Лајон очекува новата американска влада да биде поангажирана на Балканот, шокиран што Грција не го признава македонскиот национален идентитет

  • Глас македонски

Џејмс Лајон од истражувачката организација Совет за политичка демократизација и поранешен виш советник за Балканот на Меѓународната кризна група во средата во Центарот Вудроу Вилсон во Вашингтон говореше за предизвиците пред ЕУ и новата американска влада на Западниот Балкан.

Намалено е вниманието на случувањата на Балканот изминативе години. Интересот на меѓународната заедница е насочен кон други жаришта во светот, смета Лајон. САД во изминатите осум години на Европа и` ја предадоа улогата да ги решава проблемите во регионот, но Лајон додава дека ЕУ се` уште има проблеми со дефинирање на единствена надворешна политика, како што беше случај со Косово. За земјите од регионот, Лајон вели дека во Македонија бил направен мал напредок во правосудството во 2008-ма, додека Србија и Босна пошле чекор наназад во спроведување на реформите. Хрватска, пак, бавно ги извршува неопходните задачи на патот кон ЕУ.

-Очекуваме администрацијата на Барак Обама да биде малку поенергично вклучена на Балканот, отколку што беше случајот со администрацијата на Буш. Но, тоа останува да се види, вели Лајон.

За спорот околу името и повикот на Меѓународната кризна група тој да биде решен поради стабилизација на Балканот, а Грција да го признае македонскиот идентитет, Лајон коментира:

-Од лична точка и од името на Совет за политичка демократизација морам да кажам дека сме шокирани дека Грција одбива да го признае тоа. Зачудувачки е што грчката влада не признава етничка и национална група која јасно постои.

XS
SM
MD
LG