Линкови за пристапност

Хилари Кинтон на чекор до потврдување на функцијата државен секретар


Клучен сенатски комитет ја одобри номинацијата на поранешната прва дама, а сегашна сенаторка Хилари Клинтон за иден државен секретар.Сенатскиот комитет за надворешни односи гласаше со 16 „за“ и 1 „против“ Клинтон. Следен на потег е Сенатот, каде се очекува таа да биде потврдена на функцијата без проблеми веднаш по инаугурацијата на новоизбраниот претседател Барак Обама во вторник на 20-ти јануари.

Кандидатот за главен обвинител Ерик Холдер сведочеше на одвоен распит во Сенатската комисија за правосудство.Тој изрази став дека контроверзната техника на испрашување што симулира давење претставува тортура и дека не треба да биде дозволена.Холдер кажа и дека најдобар начин да се води битка против тероризмот е да заштитат граѓанските слободи и да се почитува правната држава.Тој најави дека владата на Обама ќе обезбеди техниките на испрашување да бидат конзистентни со американските обврски согласно Женевската конвенција.Кандидатот за главен правобранител го повтори ставот на Обама дека американскиот притворен центар Гванатанамо на Куба ќе биде затворен, но додаде дека тоа нема да биде лесна задача со оглед на фактот дека новата влада ќе треба да реши што да стори со 250-те лица осомничени за тероризам кои во моментов се наоѓаат во центарот.

XS
SM
MD
LG