Линкови за пристапност

Расте бројот на лица во САД кои ја загубиле работата


Нов бран Американци ја започна 2009-та со поднесување барање за социјална помош поради загубено работно место. Владиниот Оддел за труд денес соопшти дека минатата недела 524 илјади лица по првпат се пријавиле за таква помош, што е пораст од 11 проценти. Бројот на Американци кои примаат помош поради невработеност останува на највисоко ниво во последниве 26 години.

Во одделен извештај што денес го издаде компанијата „Риалти Трек" која ги документира домовите под хипотека, стои дека против 2,3 милиони сопственици на домови во 2008-ма била започната процедура за насилно иселување поради неисплатен кредит за домување. Тоа е покачување од 71 процент во споредба со 2007-ма. Извршниот директор на компанијата Џејмс Сакачио вели дека се работи за „хипотека-цунами" што покажува дека на соопствениците на домови итно им е потребна помош.

XS
SM
MD
LG