Сенаторот Хилари Клинтон вели дека ќе спроведува таканаречена „умната сила", како делод ревитализирање на американската дипломатија, доколку биде потврдена на функцијата државен секретар. Поранешната прва дама на САД неодамна беше на распит во Сенатот по повод потврдувањето, при што рече дека има намера да работи САД повторно да станат светски лидер.
Без директно да се осврне на администрацијата на претседателот Буш, Клинтон истакна дека Белата куќа на чело со Обама, ќе поведе нов курс на дипломатија:
„Новоизбраниот претседател и јас, веруваме дека надворешната политика мора да биде базирана на спој на принципи и прагматизам, а не на стриктна идеологија".
Клинтон додаде дека Америка мора да посегне по своите сојузници и да ги оствари заедничките цели.
„Мора да ја употребиме таканаречената „умна моќ", целокупната лепеза која ни стои на располагање – дипломатски, економски, политички, воени, правни и културни фактори", рече таа.
Хилари Клинтон можноста терористите да дојдат до оружје за масовно уништување, ја нарече најголема опасност со која се соочува Америка. Таа истакна дека САД мора да работат на планот за убедување на другите земји за намалување на залихите на нуклеарно оружје.
Поранешната прва дама на САД за време на сослушувањето пред Сенатската комисија за односи со странство подвлече дека администрацијата на Обама ќе бара, како што ја нарече, темелна стратегија против теророт.
Сенаторот Џон Кери, новиот претседавач на Комисијата го постави прашањето за идната политика на тимот на Обама во однос на Иран. Вашингтон го обвинува Техеран за обид за производство на нуклеарно оружје, Техеран ги порекнува обвинувањата. Клинтон рече дека целта е „да сториме се што е можно да го решиме спорот преку дипломатија, преку воведување на санкции, преку креирање на подобра коалиција меѓу земјите за кои веруваме дека дека би имале голем удел во потенцијалното спречување на Иран да стане нуклеарна веле сила. Не исклучуваме ниту една опција, се` е на маса".
Што се однесува
до нуклеарната програма на Северна Кореја, шестраните разговори Клинтон ги
нарече „поттик" за да се изврши притисок врз Пјонгјанг за ставање крај на
нуклеарните активности.
Во однос на фондовите на нејзиниот
сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон наменети за неговата хуманитарна
организација, Клинтон истакна дека дополнителните донации за потребите на
организацијата нема да влијаат на нејзиното работење. Номинацијата на Хилари Клинтон на функцијата
државен секретар се очекува да биде потврдена од Сенатот наредниот вторник.