Линкови за пристапност

Бин Ладен повика на „џихад“ против Израел


Нова наводна аудио-снимка на Осама бин Ладен ги повикува муслиманите да поведат света војна – „џихад“, за да ја запрат израелската офанзива во Појасот Газа.

Снимката е објавена на исламистичка интернет-страница каде Ал-Каида вообичаено ги обелоденува своите пораки.

Засега не е потврдено дали гласот на снимката е автентичен.

Портпаролот на Белата куќа Гордон Џондроу изјави дека судејќи по се`, снимката ја покажува изолацијата на Бин Ладен, како и неговите напори да остане релевантен „во време кога ширум светот се доведува во прашање иделогијата, мисијата и плановите на Ал-Каида“. Џондроу додаде дека снимката исто така наликува на обид за собирање пари за натамошната пропагнадна кампања на Ал-Каида.

XS
SM
MD
LG