Палестински медицински извори тврдат дека преку 1.000 лица загинале во досегашните израелска армиска акција против милитантните во Газа, како и дека голем број од загинатите се жени и деца. Оваа бројка не можеше да биде потврдена од независен извор, но ОН имаат кажано дека претходните такви проценки во основа беа веродостојни. Во судирот што трае веќе 19 дена загинаа и 13 Израелци.
Директорот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Јакоб Келенбергер денес по посетата на Газа изјави дека ситуацијата е шокантна.
Боливискиот претседател Ево Моралес соопшти дека неговата земја ги прекинала дипломатските врски со Израел поради армиската офанзива.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, кој со посетата на Египет ја започна својата неколкудневна бликоисточна мисија, денес го повтори повикот за итен и траен прекин на огнот.