Во денеска објавениот извештај, организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч, чие седиште е во САД, вели дека судирот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа само ја истакнува потребата од меѓународно внимание на прекршувањето на човековите права причинети од вооружени конфликти. Во извештајот се подвлекува дека во неодамнешните насилства загинале стотици цивили.
Хјуман Рајтс Воч вели дека без стабилно лидерство од Западот, сега агендата ја креираат земјите кои, според групата, се противат на примена на човековите права, именувајќи ги тука Алжир, Кина, Египет, Индија, Пакистан и Русија.
Воч вели и дека новиот американски претседател Барак Обама мора да ја исправи „огромната штета“ причинета од страна на владата на претседателот Буш. Според извршниот директор на Хјуман Рајтс Воч Кенет Рот, првиот чекор на новата американска влада би требало да биде радикално преиспитување на стратегијата како води борба против тероризмот.