САД побараа да биде посветено поголемо внимание на хуманитарната ситуација во Газа и ги поддржуваат Египет и Франција во обидот да издејствуваат „одржлив и траен прекин на огнот“ меѓу Израел и терористичката група Хамас.
Американската државна секретарка Кондолиза Рајс деновиве учествуваше на состаноците на Советот за безбедност на ОН за кризата во Појасот Газа. Пред тие состаноци, таа кажа дека треба да се стори повеќе за да се одговори на се` полошата хуманитарна ситуација во Газа:
-Задоволна сум што Израелците отворија хуманитарен коридор и обезбедија прекин за да дојде до хуманитарна акција, но тоа треба да се повтори, и тоа постојано.
Советот за безбедност на ОН усвои резолуција што повикува на итен прекин на огнот во Газа.САД беа воздржани во гласањето, но не ставија вето на резолуцијата, рече Рајс:
-САД сметаа дека беше важно да се види исходот на египетското посредување за потоа да се види што би можела да поддржува резолуцијата на ОН, и затоа решивме да бидеме воздржани.Но, по долго разгледување, решивме дека оваа резолуција - нејзиниот текст што го пооддржуваме, нејзините цели што ги поддржуваме - дека треба да и` се дозволи да појде напред.