Линкови за пристапност

Израел напредува во Газа среде дипломатски напори


Изрaелските сили навлегуваат подлабоко во градот Газа во офанзивата против Хамас. Во исто време, генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, кој е во посета на регионот, се обидува да стави крај на 19-дневниот судир.

Копнените израелски сили денес размениле жесток оган со милитанти на Хамас. Во текот на ноќта, израелските авиони бомбардирале 60-тина цели на Хамас.

Израелската полиција соопшти дека од Либан биле исфрлени три ракети врз северниот дел на Израел, по што Израел возвратил со оган. Сличен инцидент имаше и минатата недела. Либанската милитантна група Хезболах тогаш негираше дека била вмешана.
Хамас продолжи да исфрла ракети врз јужниот дел на Израел од правец на Газа. Израел соопшти дека нема да запре со офанзивата во Газа се` додека не запрат таквите напади.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун е во Каиро, во дипломатска мисија за запирање на судирот во кој, според расположивите податоци, досега загинале преку 970 Палестинци и 13 Израелци. Бан денес го повотри повикот за итен прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG