Линкови за пристапност

Новински извештај тврди - Обама ќе ја преоцени американската мисија во Авганистан


Весникот „Вашингтон пост“ тврди дека новата американска влада ќе направи детален преглед на армиската мисија во Авганистан и дека Обама ќе го одобри испраќање на дополнителни, до 30 илјади војници, што речиси би го удвоило нивниот број во земјата.

Весникот наведува дека советниците за национална безбедност на Обама не очекуваат засилувањата значително да ја подобрат ситуацијата во Авганистан, туку само би и дале време на новата влада да ја преоцени ситуацијата и да развие нова стратегија.

Условите во Авганистан минатата година се влошија поради зачестените напади од страна на бунтовниците на Талебани Ал-Каида, а нарасна и бројот на загинати американски војници.

Вашингтон Пост напиша дека новата стратегија најверојатно нема да биде претставена пред почетокот на април, кога Авганистан и Пакистан ќе бидат на врвот на агендата на Самитот на НАТО во Франција.

XS
SM
MD
LG