Линкови за пристапност

Обама ќе нареди затвoрање нa Гвантанамо


Советници на новоизбраниот американски претседател Барак Обама велат дека тој ќе издаде извршна наредба за започнување на процесот за затворање на притворниот центар Гвантанамо на Куба, уште во првите денови откако ќе стапи на функцијата на 20-ти јануари.
Обама во интервју во неделата коментираше дека ќе биде предизвик да го затвори Гвантанамо во првите 100 дена на функцијата.
Во Гвантанамо се наоѓаат околу 250 лица осомничени за тероризам и дека се припадници на Ал-Каида или Талебан, а многумина од нив не се формално обвинети. Критичарите на Гвантамо, кои тврдат дека армискиот судски систем воспоставен специјално за процесите против затворениците во основа им ги порекнува човековите права, ја поздравија најавата на Обама дека ќе се придржува до уставните принципи во однос на преостанатите затвореници.

XS
SM
MD
LG