Линкови за пристапност

Мешањето на лекови со други производи е опасно, особено за постарите лица  


Нова студија покажа дека не е безбедно да се мешаат лекови што се добиваат на рецепт со витамини и други лекови што слободно се купуваат во продавниците. Истражувањето што опфатило лица меѓу 57 и 85 години покажа дека околу 90 проценти земале барем еден лек на рецепт. Близу 30 проценти земале најмалку пет препишани лекови.

Колку е постар пациентот, толку е поголем бројот на препишани лекови. А со бројот на препишани лекови, според студијата, расте и бројот на лекови и додатоци на исхраната што се купуваат без рецепт.

- Бројот на лековите што возрасните ги земаат се зголемува и тоа не` загрижува поради потенцијалната интеракција меѓу нив, вели Доктор Стејси Линдоу од Медицинскиот центар на Универзитетот на Чикаго.

Истражувачите од Чикаго утврдиле дека едно на секои 25 лица е во ризик од опасни компликации. Речиси половина од интеракциите предизвикале крварење.
На пример, Варфарин се дава за спречување на згрутчување на крвта. Во комбинација со аспирин – предизвикува крварење. Крварење е забележано и при комбинација на аспирин и билниот додаток на искраната – Гинко билоба. Лисиноприл, лек што се зема за третирање на висок крвен притисок и срцеви болести, може да го поремети ритамот на срцето ако се зема со потасиум. Некои статини, комбинирани со ниацин - вид на витамин Б, предизвикуваат ослабување на мускулите.

Дима Кејто од Универзитетот во Чикаго препорачува лекарска консултација пред да се комбинираат лековите и другите производи.

XS
SM
MD
LG