Израелските војници и тенкови денес навлегоа подлабоко во градот Газа, во исто време кога генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун замина за Блискиот Исток за да изврши притисок за примирје меѓу Израел и палестинските милитантни.
Израелската армија соопшти дека нејзини авиони нападнале над 60 цели, меѓу кои и места од кои се исфрлале ракети, сладишта со оружје, командни пунктови на милитантната група Хамас и тунели за криумчарење на оружје преку границата со Египет.
Палестински медицински лица втврдат дека во најновите напади загинале 12 лица. Над 900 Палестинци и најмалку 13 Израелци ги загубија животите во офанзивата што трае речиси три недели.
Бан ќе разговара за кризата со лидерите во Израел, Западниот Брег, Јордан, Турција, Сирија, Либан и Кувајт. Тој најави дека ќе изврши притосок на обете завојувани страни да ја прифатат резолуцијата на Советот за безбедност на ОН што повикува на итен прекин на огнот. И Израел, и Хамас се оглушија на повикот да го запрат насилството.