Линкови за пристапност

Продолжуваат разговорите за името меѓу Македонија и Грција


Посредникот на ОН во спорот со името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц соопшти дека разговорите по прашањето ќе продолжат на 11 февруари, 2009 година.

Грција, како што најави Канцеларијата на Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, како и досега ќе ја претставува амбасадорот Адамантиос Василакис, а Македонија, македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски.

Точната локација и времето на продолжување на дијалогот меѓу Македонија и Грција ќе биде дополнително одредена.

XS
SM
MD
LG